Модни предлози во ментол зелена бојa
Ментол зелената се очекува да стане вистински хит уште пред почетокот на пролетта, па затоа подновете се со некое парче во оваа нијанса.
Без оглед дали ќе изберете светло зелени фармерки, кошула или пак сако, ќе бидете во тренд. Свежиот изглед е одличен избор за топлите денови кои ни претстојат.
Се прашувате како да ја комбинирате оваа специфична боја?
Најпрво започнете со неутралните и пастелните нијанси. Одличен избор се светлите кремасти тонови, како и белата боја. За посмел изглед одбирајте ги нежните, пастелни бои во кои всушност спаѓа и ментол зелената.
Светло зелените фармерки комбинирајте ги со бела кошула, крем палто, марама во овие три бои со интересен принт и балетанки или високи потпетици.
Маичките, кошулите и сакоата со ментол зелена боја одлично стојат со бели панталони. Додадете храбра боја, како на пример корално портокаловата, за да добиете забележлива и супер модерна комбинација.
Аксесоарите се уште еден задолжителен детал. Сребрените алки комбинирајте ги со по некоја во оваа светло зелена нијанса. Одбирајте големи висечки обетки со кои ќе го надополните вечерниот изглед или пак некоја впечатлива огрлица во оваа нијанса.
Не се плашете да експериментирате, а за мала модна инспирација погледнете ги неколкуте неодоливи комбинации.