Практикувајте ја слатката нега со мед
Медот ја чисти, хидратизира и ја подмладува кожата. Само една лажичка мед ви е доволна за негување на вашето тело и лице.
Ова се наједноставните рецепти со кои ќе и овозможите хранлив третман на кожата, со видливи резултати.
Маска за лице
Измешајте авокадо, варен морков, пола шолја павлака, едно јајце и три лажички мед додека не добиете мазна, еднолична паста. Оваа маска е богата со витамин Е, бета – каротен, калциум и колаген кој помага за обновување на кожата. Нанесете ја на чисто лице и врат и оставете ја да делува 10 до 15 минути. Отстранете ја со ладна вода или пак со тоник за чистење на лице.
Тоник за освежување
Иситнете малку краставица во блендер, а течноста која ќе ја добиете процедете ја. Додајте 2 лажички мед и добро промешајте. Течноста пресипете ја во шишенце со распрскувач и нанесувајте ја на лицето и на вратот секое утро и вечер. Оставете лицето да ја впие, па пото исплакнете. Овој тоник ја освежува и чисти кожата. Но, неговото дејство е хранливо исклучиво 5 до 7 дена, заради природните состојки кои ги содржи.
Купка за бањање
Најлесниот и најделотворен начин за нега на вашата сува кожа е да додадете малку мед во водата. За свиленкасто мека кожа се што ви е потребно е во водата да додадете четвртина шолја мед, и неколку лажички млеко. Оваа купка е позната и под името Клеопатра, токму поради мешавината на мед и млеко.
Маска за коса
За сјајна и здрава коса промешајте половина лажица мед со 2-3 лажици маслиново масло. Со оваа природна маска измасирајте го темето, апотоа оставете ја да делува околу половина час. Потоа измијте ја со шампон, без да додавате маска или регенератор.