10 модерни зимски парчиња облека
Како што секоја сезона има задолжителни парчиња облека на кои никогаш не им поминува модата, така и оваа зима постојат 10 парчиња кои можете да ги комбинирате во вечерните или дневни комбинации.
- Дебелата јакна која досега ја избегнувавте, оваа зима изгледа одлично во комбинација со тесни хеланки и високи чизми. Затоплете се и додадете некој штосен појас над дебелата јакна, за да го разбиете монотониот изглед.
- Големите џемпери се уште едно парче облека кое оди во прилог на комоцијата и топлината. Изборот на принтови и дезени е ваш – се што е важно е да се чувствувате топло и модерно воедно.
- Зимски шорцеви кои можете да ги комбинирате со високи чизми и дезенирани хулахопки се едно од основните парчиња за секоја есен и зима.
- Вештачкото крзно во облик на топли елечиња е тотален хит во овие студени денови. Можете лесно да се згреете во вечерните комбинации, додека уживате во новото мини црно фустанче надополнето со крзнено кратко елече и високи потпетици.
- Ластиците за коса се одлична замена на капчињата. Интересните плетки, покрај во вид на дебел шал, изгледаат одлично и на главата.
- Класичните чизми заменете ги со моторџиски, со нитни. За врнежливи и студени денови се одличен избор заедно со црни тесни панталони и широк џемпер.
- Хеланките се еден од најприфатените трендови за секое годишно време. Бескрајниот избор на шари и отпечатоци секоја зима ги прават се попривлечни и поедноставни за носење во дневните комбинации.
- Пеплум блузите се уште едно парче кое изгледа одлично со тесно црно здолниште и високи потпетици. Со него ќе изгледате гламурозно и елегантно дури и во најстудените вечери.
- Колоритните вечерни фустани ќе ја разбијат зимската монотонија. Црниот мал фустан понекогаш заменете го си син или розов, па додадете исклучиво црни детали.
- Светкави фустани во најразлични бои и модели се еден од главните избори на многу девојки за новогодишната вечер. Можеби исклучиво таа вечер е причината зошто тие се наоѓаат на задолжителната зимска листа.