Новогодишни додатоци од Страдивариус
Новогодишната колекција на Страдивариус за оваа зима е надополнета со голем број чанти, високи потпетици, накит и марами.
Црната боја во комбинација со светкави нитни, токи и детали е највпечатливиот празничен тренд. Чевлите се повторно во истата комбинација, со мали исклучоци на неколку модели во силни црвени и сини тонови, како и неколку неутрални крем и кафени.
Гламурозниот и впечатлив накит сè уште е неизоставен дел од празничниот изглед. Доколку веќе сте го избрале вашиот фустан за новогодишната ноќ, не заборавајте да го надополните со соодветните додатоци.
Експериментирајте со боите и облиците, кога станува збор за ланчињата, алките и прстените.
Не заборавајте да се затоплите и со интересни марами со светкави додатоци, топли плетени или крзнени капчиња и штосни ракавици.
Погледнете ги уникатните аксесоари од Страдивариус за оваа зима, кои сигурни сме дека ќе го надополнат вашиот новогодишен изглед.
-->
|
|
-->
|
|