Модерен накит за есенските денови
Во светот на трендовскиот накит, оваа сезона максимализмот ја има предноста. Дури и дизајнерите од високата мода се спремни минималистичкиот изглед да го заменат со што поголеми скапоцени камења, што повеќе редови на синџири и што поголемо количество на метални детали.
Големите нараквици се еден од главните детали оваа есен. Особено интересно е тоа што се почесто се носат и на двете раце. Заоблените форми и облици се посебно во мода и комбинирањето на различни материјали и бои е и повеќе од дозволено во постудените денови.
Следниот моден тренд е соодветен за комбинирање со претходниот. Тоа се ѓерданите во вид на јаки. Масивни и впечатливи и исклучиво носени високо на вратот.
Големите приврзоци на долги ланчиња се исто така модерни оваа есен. Закачените приврзоци на едноставен синџир или материјал, се едни од најистакнатите на модните ревии.
Масивноста на металот е повторно ин. Без оглед дали се работи за златни или сребрени нијанси, синџири во повеќе слоеви или пак само железен приврзок – нема да погрешите ако одберете било што од понуденото.
Големите кристали и обоени камења се уште еден дел од масивниот накит кој е неизбежен оваа есен. Тие често се комбинирани со метал, при што делуваат навистина елегантно.
Мистериозните огрлици во етничкиот стил оваа сезона се најуспешниот новитет.
Големите прстени во комбинација на огромни обетки сè уште еден интересен спој веќе извесно време. Тие може да бидат од најразлични материјали, од метал, материјал или дрво и во секој случај да изгледаат фантастично.
Освен ултра големите ланчиња, обетки, прстени и нараквици, украсите за во коса се уште еден новитет кој се почесто го гледаме во високата мода. Шарени шноли, панделки, синџирчиња, па дури и венчиња во стилот на дијадеми се едни од најмодерните детали за постудените денови.