Модата од црвениот тепих на Ballet Fall Gala во Њујорк
Свеченоста која и оваа година се одржа во центарот на Њујорк беше во чест на познатиот моден креатор Валентино Гаравани, токму поради тоа што дизајнира костими за балетски уметници и по четири години од неговото пензионирање.
Голем број на ѕвезди се појавија на црвениот тепих носејќи прекрасно дизајнирани свечени тоалети.
Сара Џесика Паркер во чест на Валентино носеше негова креација во комбинација на Лобутин чевли.
Модната икона Оливија Палермо се одлучи за црно-бела слоевита креација, надополнета со скапоцени камења и впечатлива виолетова чанта.
Веројатно фаворит на многумина беше Каролина Куркова која носеше креација во силно црвена боја, надополнета со едноставни потпетици и впечатливи обетки.
Ен Хатавеј блесна во романтична креација со цветен дезен со широки ракави и висок врат.
Уште една дама која блесна во црвено беше ко- основачот на брендот Џими Чу, Тамара Мелон. Монохроматски чевли, црвена плик чанта и златен накит беше нејзиното надополнување на елегантниот костим.
Модниот дизајнер Дајана Вон Фурстенберг се појави во прекрасна креација на едно рамо, во комбинација на високи потпетици и впечатлив накит.