Есенски комбинации со летни парчиња облека

Доколку не сте љубител на есента и ви недостасува уште малку време да го поносите омиленото летно парче облека - не грижете се. Одбравме четири универзални парчиња кои секоја девојка ужива во нив и ги прилагодивме за малку постудени денови.

Цветен фустан – Речиси најлесното летно парче за трансформација. Само додадете едноставен џемпер на копчиња, темни чизми до глужд, мала чанта и минималистички накит. Ќе добиете сосема нов есенски изглед, додека истовремено уживате во омилениот летен фустан.

esenski-kombinacii-so-letni-parcinja-obleka-1

Макси здолниште – Светлите бои остануваат во тренд и за постудените денови, така што розевото или синото макси здолниште без никаков проблем можете да го износите. Со комбинација на обична маица, сако или кратка јакна во неутрални бои и едноставни чизми ќе блеснете во необична, тренди комбинација.

esenski-kombinacii-so-letni-parcinja-obleka-2

Свилен топ – Лесниот топ или кошула која што ја износевте со омилениот пар шорцеви можете да го искористите за вечерни излегувања. Со тесни фармерки, високи потпетици и многу накит ќе создадете изглед кој нема да остане незабележан.

esenski-kombinacii-so-letni-parcinja-obleka-3

Кратки тексас шорцеви – Кој рече дека мора да се откажете од нив кога ќе залади? Откријте ги нозете со кратки шорцеви, а со горниот дел експериментирајте – обична маица со кратка јакна во боја или црна маица и шарено сако. Додадете високи потпетици, марама и голема чанта и веќе сте ја направиле најголемата трансформација на тексасот шорцеви.

esenski-kombinacii-so-letni-parcinja-obleka-4

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg