Одберете шарено наместо неутрални бои
Црната или крем нијансите имаат водечка улога кога станува збор за комбинации со неутрални бои. Меѓутоа оваа сезона нешто се промени, но на подобро. Неколку шари ги заменија овие здодевни комбинации. Секоја девојка треба да собере храброст и парчето со следниве принтови да го вклопи во најнеобичната целина.
Ригите пробајте да ги соедините со цветни дезени. Морнарските маици се хит речиси секое лето. Искомбинирајте ги со цветно макси здолниште. Наместо да ви здосади од црните маици со некој разигран детал, постигнете храбар и тренди изглед.
Животинскиот принт не е за срамежливи девојки. Всушност, леопардскиот принт не се носи со едноставни потпетици или неутрални крем тонови. Напротив, комбинирајте го со весели бои и блеснете во неодолива комбинација.
Нема подобар принт за комбинирање од војничкиот. Одговара на речиси се. Неонски бои, риги, впечатлив накит, па се до гламурозен накит и бисери. Зависно од пригодата, одберете го своето парче во војнички стил и украдете неколку воздишки.