Очила со потпис на Кардашијан
Ким, Клое и Кортни се навистина решени да заработат уште пари. Овој пат се фокусирани на колекција за очила. Тргнувајќи од самите себеси согледале дека очилата се задолжителен детал на секоја девојка.
Покрај колекцијата на фустани, парфеми и долна облека, оваа колекција на сестрите Кардашијан се очекува да постигне голем успех. Очилата за сонце од оваа колекција се во најразлични облици и шари, што овозможува задоволување на сечиј вкус.
Промоцијата на очилата ја направија уште поодамна со фотосесија во која што трите сестри заедно се единствените модели. Клое Кардашијан прва се пофали на својот блог со слика од фотосесијата, додека Ким веќе однапред очилата ги вклопи со секси чипкана долна облека со нивен потпис.
Лесно знаат да привлечат внимание, зар не?