Неопходни 6 есенски парчиња

Есенската сезона е период кога можете да го комбинирате летниот накит со потопли парчиња облека. Не ви се потребни нови и скапи детали за да изгледате модерно. Никој нема да забележи дека не се нови, туку само различно искомбинирани.

1. Впечатливиот накит e насекаде ова лето. Од пистите на високата мода, па се до секојдневните појавувања на било која девојка. Целта на овој накит е да не поминете незабележани. Имајте едноставна облека и впечатлив накит, без оглед дали се работи за алка, прстен или ланче. Веројатно имате барем едно парче на масивен накит, па зошто не би го вметнале во храбра и несекојдневна комбинација?

neophodni-6-esenski-parcinja-1

neophodni-6-esenski-parcinja-2

neophodni-6-esenski-parcinja-3


2. Трендот кој никако не поминува се чизмите во најразлични облици.
Без оглед дали се работи за ниски чизми или на потпетица, тие остануваат хит и оваа есен. Искомбинирани со тесни фармерки, фустани па дури и со класични здолништа со висок струк, изгледаат беспрекорно.

neophodni-6-esenski-parcinja-4

neophodni-6-esenski-parcinja-5

neophodni-6-esenski-parcinja-6


3. Марамите се вистинска опсесија.
Замотани околу вратот, врз обична маица изгледаат навистина шик. Есента е вистинската сезона повторно да блеснете носејќи ја омилената марама.

neophodni-6-esenski-parcinja-7

neophodni-6-esenski-parcinja-8

neophodni-6-esenski-parcinja-9


4. Хеланките во кои нозете се беспрекорно истакнати се повторно ин.
Не се плашете да ги комбинирате со високи чизми и неколку интересни детали, тоа е совет и на некои од светски познатите дизајнери.

neophodni-6-esenski-parcinja-10

neophodni-6-esenski-parcinja-11

neophodni-6-esenski-parcinja-12


5. Каишот е очигледно задолжителен детал и оваа сезона.
Покрај аксесоарите и накитот, голем број од модните куќи скоро на секоја комбинација додаваат впечатлив колан. Без оглед дали го носите високо, над струкот или пак на обичен џинс, оваа сезона несмеете да го изоставите.

neophodni-6-esenski-parcinja-13

neophodni-6-esenski-parcinja-14

neophodni-6-esenski-parcinja-15


6. Големите торби секоја сезона го наоѓаат своето место на пистите, па така и оваа.
Доколку сте тип на девојка која постојано има преполна ташна, овој тренд е вистинско олеснување.

neophodni-6-esenski-parcinja-16

neophodni-6-esenski-parcinja-17

neophodni-6-esenski-parcinja-18

По се изгледа есента е дел од годината кога можете да се опуштите и да носите се што ви се чини практично и удобно.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg