Цел ден на штикли - невозможна мисија

cel-den-na-stikli-nevozmozna-misija-povekjeМногу девојки не можат комфорно да носат високи потпетици. Освен што е важно претходно да ги „разгазат“ низ дома, треба да одат најмалку два часа...


...и тоа најдобро во хулахопки или тенки чорапи.

Облечете ги повторно штиклите 20 минути пред да излезете.

Еве уште неколку трикови како да го совладате носењето штикли. 

Постепен „раст“

cel-den-na-stikli-nevozmozna-misija

Висината на штиклите зголемувајте ја постепено. Носете ги оние од пет, па седум, десет и повеќе сантиметри. Ако ги немате баш сите модели на располагање вежбајте со помош на столче. Опуштете ги прстите, подигнете се на нив и држете ги петиците во воздух. Повторете го ова неколку пати и ќе ги зајакнете стапалата.

Стабилен став

Свртете ги стапалата кон надвор – тоа ќе им даде стабилност на вашите колкови, а и зглобовите на стапалата ќе ви бидат постабилни.

Опуштете се

Зајакнете ги стомачните мускули, долниот дел на грбот и колковите. Ако сте силни во средниот дел од телото, ќе ја снема вкочанетоста во екстремитетите. Додека одите со штиклите релаксирајте ги колената.

Лизгајте нежно

Многу жени мислат дека гламурозното одење на штикли е некој вид „преправање“. Ако сакате да одите женствено, опуштете се. Идејата е да не изгледате напнато, туку лежерно со многу самодоверба.

Важни се и рацете

И рацете мораат да бидат опуштени и нежно да се движат покрај телото. Подлактниците слободно нека паѓаат.

Негувајте и стапалата

Редовно масирајте ги стапалата, може и само неколку минути дневно. Вашите нозе мора да бидат во топ издание за да изгледате убаво на високи штикли.

Би можело да ве интересира:

Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен Иако чевлите со дебел ѓон сè уште се застапени во голем број продавници, тие се ...
Како да носите дуксер, а да не изгледате како да сте излегле од теретана? Комбинирајте ги со тесни фармерки, но и минималистички златен или сребрен накит....
Моден двобој на Антониа Гиговска и Јелена Карлеуша - на која ѝ стои подобро? Најмодерните кожени панталони за оваа есен, кои им стојат совршено на жените со ...
Модни трикови од инфлуенсерки: Како да изгледате одлично со обична маичка? Изберете едноставна, долга маичка, која ќе можете да ја носите како фустан, па к...
15 ѕвезди кои избраа фустани од модните писти и во нив изгледаат поинаку од моделите Марго Роби, Џулија Робертс и Ева Лонгорија се само дел од актерките кои избраа ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg