Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно везени детали“
„Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè газеше, везовите одеа пребавно поради обемната работа, а не сакав да направам компромис со изработката, па на крај решив да се претставам со само 5 фустани кои изгледаа феноменално“, вели за CRNOBELO.com нашиот дизајнер, кој имаше трета ревија во Париз во само 6 месеци.
Македонскиот моден креатор Златко Јовановски одржа ревија на Модната недела во Париз, каде што ја претстави својата нова колекција.
Ова е трета ревија на ЈЗЈ во престолнината на модата, откако во септември 2024 во една недела имаше две ревии во Париз, а со кои, си го исполни детскиот сон.
Во свој стил, модниот дизајнер по завршувањето на ревијата излезе со круна на главата и плашт, овој пат во светло сина боја со златни детали.
За своето искуство на Модната недела во Париз, Златко раскажа за CRNOBELO.com:
„Повторно имав ревија во Париз во склоп на Paris Fashion Week, што беше на мое огромно задоволство.
Овој пат ревијата беше ни помалку ни повеќе, туку во хотелот Plaza Athenee, најлуксузниот хотел во Париз со поглед на Ајфеловата кула.
Кога станува збор за креациите, сакав да пробам нешто ново, да се надминам себеси и она направено досега. И мислам дека успеав.
Сакав креациите да бидат во јаки бои, секоја во различна боја, а сите поврзани со златни детали.
Најважно ми беше да не користиме готови везени материјали од Индија или Дубаи, туку сè што светка, сè што сјае, и сите монистри, стакла, камења, детали и 3Д цветови, сè ама буквално сè да биде направено од нас - од мене и мојот тим.
Ќе ви кажам една тајна… Колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè газеше, везовите одеа пребавно поради обемната работа, а јас не сакав да попуштам и да направам компромис со изработката, па затоа на крај и се решив да се претставам со само 5 фустани кои изгледаа феноменално.
Тие имаа приказна бурлеска и на сцената со ентериерот во хотелот Plaza Atehenee се вклопија одлично и беше баш WOW.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





