Оптички илузии во борба против целулитот
Кога ќе ја соблечете зимската и ќе поминете на „полесна“ облека, на виделина ќе излезат сите ваши физички недостатоци – целулит, стрии, широки колкови.
Немојте да сметате дека ќе ви помогне волшебно стапче во сокривање на недостатоците.
Затоа ви предлагаме да се преориентирате на здрава изхрана и вежбање, а издвоивме и неколку совети за да се подготвите на време.
Потемнување
Целулитот повеќе се гледа на светла отколку на темна кожа. За да ја прикриете видливоста на целулитот, користете лосион или спреј за самопотемнување. Лосионот нанесувајте го по пилинг на телото. Постапката практикувајте ја еднаш неделно.
Сјајно масло
На предниот дел од нозете нанесете сјајно масло. Тоа ќе ја рефлектира светлината и ќе создаде ефект на мазна кожа.
Грижете се за хидратацијата
Кога вашата кожа е жедна, односно кога и недостасуват течности, видливоста на целулитот е поизразена. Редовно хранетер ја кожата со хидратантни креми и пијте доволно течности за да го спречите сушењето на кожата.