На сцена провокативна и секси, дома во пижами и без шминка - Како се менува стилот на Антониа Гиговска?
За настапи е секогаш беспрекорно средена, знае да спои и неспоиви комбинации, а дома сака да ѝ е удобно, па често е по пижами и без шминка... Кој стил на Антониа Гиговска ви се допаѓа повеќе?
Антониа Гиговска важи за една од нашите најпопуларни, но и најдотерани пејачки, секогаш со специфичен стил на сцената.
Таа долги години работи со стилистката Викторија Бурсаќ, која за Антониа знае да го спои и неспоивото, па пејачката секогаш изгледа провокативно и секси на сцената.
Антониа за настап носи градници од тантела во комбинација со фармерки со многу низок струк, ултра кратки фустанчиња, кожени парчиња, целосни панталони припиени за телото, куси маички под кои ѝ се гледа стомакот и дефинираните мускули.
Но, вон сцената, нејзиниот стил е сосема поинаков.
Антониа често споделува фотографии на Инстаграм Стори дека е во широки маички, по пижами, во дуксери или тренерки.
Кога е дома, пејачката е најчесто без шминка.
Таа многупати изјавила дека кога нема работни обврски воопшто не се шминка и дека едвај чека да стигне дома по настап за да ја извади шминката.