Мажите во храбри и специфични стајлинзи на црниот тепих на последната вечер од Shtip Fashion Days 2024
Панталони со дезен на крокодилска кожа, светкави сакоа, фантомки преку лицето, бермуди комбинирани со кравата, но и класични одела со патики – што облекоа највпечатливите мажи на последната вечер од Shtip Fashion Days?
На третата и последна вечер на Shtip Fashion Days, црниот тепих беше преплавен со необични и уникатни аутфити.
Помладите посетители оставија свој печат со специфични стајлинзи кои ретко кој би можел да ги износи, а посебно внимание привлекоа момците.
Комбинација на лежерен стајлинг со карирана кошула и кравата, огромни јакни, бермуди комбинирани со кравата, но и елегантни одела дополнети со патики.
Помеѓу многуте храбри комбинации, се најде и една впечатлива на дизајнерот Љубан Стаменик, кој беше облечен во маица со натпис: „Немам ништо фенси да облечам и денес“.