Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото)

Миа Костова и Маја Кикириткова избраа црни аутфити и ги комбинираа со црни очила, Стефан Спирковски носеше крем комбинација, Светлана и Мики Црнокрак се одлучија за покежуал стил... Како беа облечени посетителите на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024?

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-01.jpg

Вчеравечер (30.09) во фабриката „Македонка“ во Штип се одржа првата од трите вечери на модниот настан - Shtip Fashion Days 2024, кој се организира првпат кај нас, а привлече огромно внимание.

Штип повторно заживеа во духот на модата - на градот му се случи одличен моден настан кој на едно место собра бројни дизајнери, модели, инфлуенсери, јавни личности...

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-73.JPG

Погонот, на она што некогаш беше една од најголемите македонски фабрики, сега беше претворен во впечатлива модна локација со црн тепих, голема писта и многу светла во различни бои, кои истовремено ја правеа атмосферата и мистична и магична.

Еден од најголемите модни настани кај нас, беше отворен со моден перформанс и ревијата на „Гласен текстилец“, здружение за заштита на работничките права. 

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-27.JPG

Ревијата беше во соработка со пет реномирани македонски дизајнери и пет студенти на школата за дизајн, Академија Скала. 

Вечерта продолжи со две ревии на модниот бренд „Нана“ - Mimimal by NANA и NANA, а заврши со ревијата на студентите од универзитетот „Гоце Делчев“ -  Штип.

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-72.JPG

Меѓу гостите беа и дизајнерката Маја Кикириткова, нашите истакнати модели Светлана и Мики Црнокрак и Алек Наумовски.

Тука беа и инфлуенсерите Миа Костова, Дани Ѓуровска, Александра Трпеска - Majestic, Стефан Спирковски, младата пејачка Кики Мукаетова, но и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-70_2.JPG

Темата на првиот моден настан e „Реинкарнација“, а организаторите велат дека целта е да се поттикне домашното производство и да се заштитат работничките права.

Погледнете ги фотографиите од црниот тепих на Shtip Fashion Days 2024:

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-03.jpeg

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-17.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-15.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-14.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-11.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-07.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-05.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-04.JPG

modata-na-prvata-vecher-na-shtip-fashion-days-2024-shto-oblekoa-posetitelite-foto-09.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...
Модно шоу со скриена моќна порака и уште 2 ревии на отворањето на Shtip Fashion Days 2024 Во мистичната атмосфера на стариот погон на фабриката „Македонка“, беа промовира...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg