Штип оваа есен повторно ќе биде центар на модата - 3 дена ревии и модни случувања

Градот Штип првпат организира голем тридневен моден настан и ги отвора вратите на сите љубители на модата.

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-01.jpg

На 30.09, 01.10 и 02.10 сите патишта водат кон едно место - старата фабрика за џинс, „Македонка“, ќе се реинкарнира и ќе биде централно место каде 3 дена ќе можете да погледнете ревии од штипските текстилни фабрики, брендови и студентите од УГД.

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-03.jpg

Градот на модата, заедно со Општина Штип, ќе бидат домаќини на SFD (Shtip Fashion Days).

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-16.jpg

Темата на настанот e  „Реинкарнација“ и не случајно избрана - целта на настанот е да се поттикне домашното производство и да се заштитат работничките права.

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-11.jpg

Самиот настан ќе биде отворен со ревијата на „Гласен текстилец“, здружение за заштита на работничките права.

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-05.jpg

Во кампањата се вклучени пет инфлуенсери, од различни професии, но тесно поврзани со модата - Миа Костова, Маја Кикириткова, Илариа Кирилов, Зоки Давитков и Стефан Спирковски.

Повеќе фотографии:

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-07.jpg

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-02.jpg

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-15.jpg

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-13.jpg

shtip-povtorno-kje-bide-centar-na-modata-3-dena-revii-i-modni-sluchuvanja-06.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg