Во кои бои да се облечете, според впечатокот што сакате да го оставите?
Виолетовата симболизира моќ
Ако сакате да оставите впечаток на моќна и харизматична личност, облечете виолетова облека.
Оваа боја е добра алтернатива на црната бидејќи има скоро ист ефект.
Црвената асоцира на самодоверба
Црвената е боја која секогаш привлекува внимание, па затоа ја поврзуваме со самодоверба.
Ако треба да изгледате самоуверено и да ги импресионирате другите, облечете црвено.
Црвената е одличен избор и за романтични состаноци.
Портокаловата поттикнува разговор
Портокаловата е боја на топлината и ентузијазмот, па го оживува опкружувањето.
Ако сакате да привлечете внимание, без разлика каде сте, тогаш облечете портокалова облека.
Но, слично како жолтата, и ова е боја со која треба да бидете умерени за да не делувате нападно.
Зелената симболизира среќа
Зелената е боја што ја поврзуваме со среќа и креативност, но и со пари и моќ.
Ако сте во сферата на бизнисот, оваа боја е идеална за кога сакате да склучите некоја зделка.
Или, носете зелена ако барате покачување на платата.
Сивата асоцира на стабилност
Ако сакате да делувате како силна и стабилна личност, нем да погрешите со сива боја.
Истовремено, сивата е боја која лесно се вклопува во опкружувањето, па кога ја носите, ќе оставите впечаток на фокусирана и посветена личност, која не се истакнува непотребно.
Спирова С. | Црнобело