9 парчиња облека што секоја модерна девојка треба да ги има ова лето
Здолниште со долг транспарентен тул
Ако сакате да ги покажете нозете, но сепак да изгледате поскромно, овие здолништа се совршени.
Можат да изгледаат добро во лежерни комбинации со патики, но можете да ги комбинирате и со сандали или влечки.
„Капри“ панталони
Оваа сезона се вратија многу трендови од пред 10-тина години, вклучувајќи ги и таканаречените „капри“ панталони.
Интересно е што многу време овие панталони ги сметавме за демоде, но периодов доминираат.
Можат да бидат поспецифични за комбинирање, но инфлуенсерките обично ги комбинираат со едноставни маички и влечки или балетанки.
Широки панталони со висок струк
Панталоните со висок струк им стојат добро на сите, особено пошироките модели.
Во лето, изберете панталони од полесен материјал, а можете да ги комбинирате и со патики, и со сандали, и со штикли.
Бермуди
Уште еден тренд што долго време беше заборавен.
Елегантните бермуди се одлични за оние кои не сакаат премногу кратки панталони.
Может да ги комбинирате со елегантни маички, но и со кошули.
Тексас шорцови со раб
Разресените рабови почнуваат да стануваат демоде, па ако купувате тексас шорцови, одберете модел со раб.
За комбинирање, пак, имате безброј опции – стојат добро со маички, кошули, влечки, сандали, патики…
Спирова С. | Црнобело