9 парчиња облека што секоја модерна девојка треба да ги има ова лето
Здолниште со реси и кратки елегантни шорцови – кои се најпопуларните парчиња облека за ова лето?
Се враќаат трендови од пред 10-тина години, некои се популарни уште од лани, а некои се потполно нови.
Ова лето гледаме многу нови модни трендови и додека мислењата за некои се поделени, сигурни сме дека има нешто што ќе ви се допаѓа.
Најголемите модни трендови за ова лето:
Плетени фустани
Памучните плетени фустани беа популарни и лани, а годинава веќе ги гледаме насекаде.
Изгледаат одлично за на плажа, а се добар избор и за дневни излегувања, во комбинација со сандали.
Шорцови како пижами
Тесните кратки панталони уште се популарни, но ова лето се носат и широки шорцови, кои се како пижами.
Совршени се за најжешките денови, удобни се и лесно се комбинираат со лежерни парчиња.
Здолниште со реси
Одвреме-навреме ресите се враќаат во мода, а годинава мошне популарни се ресите на здолништата.
Овие модели се одлични за поелегантни изданија.
Кратки елегантни шорцови
За поелегантни изданија, дајте им предност на елегантните шорцови од лесни материјали.