8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода

Прекумерно големи палта

Облеката која е прекумерно широка и голема ќе остане за некоја следна сезона.

Оваа сезона заменете ја со потесни модели и парчиња кои ќе ви бидат точни, па ќе ја нагласат вашата фигура и ќе ја следат линијата на телото (дури и да имате неколку килограми плус).

8-parchinja-obleka-koi-ni-se-kako-vtora-kozha-no-vekje-ne-se-vo-moda-06.jpg

Слип фустани

Слип фустаните, кои на прво гледање повеќе личат на ноќница, веќе не се во мода.

Наместо тоа, стилистите препорачуваат сличен модел, фустан на прерамки, пресечен на половината, кој повеќе ја нагласува силуетата.

8-parchinja-obleka-koi-ni-se-kako-vtora-kozha-no-vekje-ne-se-vo-moda-08.jpg

Миди здолништа

Долгите здолништа до глуждови оваа година ќе ги заменат миди моделите, кои се до под колена.

А кога се во прашање долгите здолоништа, можете да носите класичен модел, здолниште со принтови, тесно или широко здолниште - изборот е неограничен.

8-parchinja-obleka-koi-ni-se-kako-vtora-kozha-no-vekje-ne-se-vo-moda-07.jpg

Чевли на платформа со заоблен врв

Чевлите на платформа повторно се ин.

Но, наместо модели со заоблен врв, изберете чевли чиј „врв“ е во вид на коцка.

8-parchinja-obleka-koi-ni-se-kako-vtora-kozha-no-vekje-ne-se-vo-moda-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg