8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода
Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се во мода. А стилистите откриваат со што можеме да ги замениме оваа, но и во следните неколку сезони.
Модата се менува толку брзо, што некогаш е доволно само „да трепнеме“ за нешто сосема друго од она што го носиме да е во тренд.
А некои работи што ги сметавме за класика, и од кои не сакаме да се одвоиме, се заменети со други парчиња кои се сметаат за тренд или „нова класика“. И така во круг.
Кои се 8-те парчиња облека кои обожаваме да ги носиме, но веќе не се во мода?
Тесни фармерки и прекумерно големи панталони
Скоро и да не постои девојка која во својот плакар нема тесни фармерки и прекумерно големи панталони.
Но, оваа сезона на нивно место доаѓаат фармерки и панталони со рамни ногавици, кои совршено паѓаат на ногата и ја нагласуваат фигурата.
Чанти во конкретна форма
Правоаголните чанти или моделите во форма на коцка веќе не се во мода.
Формата станува неважна и затоа оваа сезона ќе доминираат чанти кои се „меки“, со неправилна форма, интересна текстура, а кои може да бидат и украсени со аксесоари како што се приврзоци, клучеви или некој интересен брош.
Шорцеви со средна должина
Ако се прашувате какви се шорцевите со средна должина, тоа се оние чија должина е на половина меѓу коленото и струкот.
Заборавете дека имате ваков модел во вашиот плакар и заменете ги со модели кои се до над колено.
Гломазни патики
Гломазните патики, со огромен ѓон и кои изгледаат како да се од иднината, веќе не се во мода. Наместо ваков модел, изберете платнени патики кои може да се носат и со спортски и со кежуал комбинации.
А ако сепак не можете да ѝ одолеете на „големата гума“, изберете модел кој е покомпактен и со поелегантна нота.