8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар
Бермуди
Бермудите никогаш не излегуваат од мода, но стилот се менува.
Па, така, ова лето заборавете на моделите со големи џебови или на широките тексас парчиња и изберете покласични модели со едноставни линии.
Едноставен бел фустан
Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во секоја пригода.
Оваа сезона доминираат едноставни фустани, за разлика од неколкуте претходни сезони каде што во мода беа модели со карнери и украсни ремени.
Тексас е во мода
Оваа сезона тексасот е меѓу најголемите модни трендови, а ќе се носи толку многу, што ќе можете да комбинирате со други тексас парчиња
Односно фармерки со тексас кошули или тексас здолништа со тексас кошули наместо со маички.
Кратки тексас панталони
Минатите сезони во мода беа кратки тексас панталони со реси на краевите.
Но, оваа сезона се враќаат моделите со порабени краеви и рамни линии.
А. Ј. | Црнобело