8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе)
Минималистички накит
Ако сакате да купите поскапо парче накит, тогаш најдобро одберете минималистички модел.
Минималистичкиот накит се комбинира со буквално секаква облека – од лежерна до деловна.
Кариран шал
Карираниот шал може да ги освежи зимските комбинации кои обично се монотони бидејќи целата облека ни е прекриена со капут или палто.
Елегантен рачен часовник
Паметните часовници се вистински хит и се мошне практични.
Но, препорачливо е да имате и елегантен „обичен“ рачен часовник.
Овие модели се вклопуваат во секакви комбинации и генерално се добра инвестиција ако сакате да платите повеќе бидејќи ќе ги носите постојано.
Големи очила за сонце
Иако периодов популарни се помалите очила за сонце и оние со впечатливи бои и форми, добро би било да имате и еден пар поголеми.
Поголемите очила за сонце не излегуваат од мода и можете да ги вметнете во сите комбинации.
Ако се двоумите за боја, најдобро е да одберете црна или темнокафеава бидејќи се комбинираат најлесно.
Спирова С. | Црнобело