6 модни додатоци со кои ќе бидете тренди во 2025-та (фото)

Животинскиот принт е сеприсутен и ако не го сакате на облека, вреди да му дадете шанса барем на некој моден додаток, како чанта, чевли, па и очила.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto01.jpg

Модните додатоци се клучни за добар изглед и неретко прават драстична разлика во целата комбинација.

Годинава ќе доминираат трендови кои веќе ни се познати, но и некои кои ги кршат старите модни правила.

Модни додатоци со кои ќе бидете тренди во 2025-та:

Чанти со ремени

Чантите украсени со ремени се прославија благодарение на популарните модели Birkin, а ќе доминираат и годинава.

Бидејќи ова е тренд кој ќе го гледаме барем уште некоја година, ако планирате да дадете повеќе пари за чанта, вреди да вложите во модел со ремен.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-02.jpg

Впечатливи очила за сонце

Очилата за сонце можат да бидат акцент на целата комбинација.

Футуристички модели, очила со впечатливи бои, поголеми модели – сè што е впечатливо и привлекува внимание ќе биде хит годинава.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-03.jpg

Додатоци со животински принт

Ако не сакате облека со животински принт (кој е хит подолг период), тогаш барем дајте им шанса на модните додатоци.

Чанта, чевли, па и очила со животински принт се доволно за да ја направите секоја комбинација постилска.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-04.jpg

„Поштарска“ чанта

Таканаречените „поштарски“ чанти (satchel bag) се големи модели кои се носат преку рамо.

Се прославија поради практичноста, но и бидејќи се совршени за деловни комбинации.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-05.jpg

Накит од мешани метали

Заборавете на правилото дека не треба да комбинирате сребро и злато.

Годинава хит се и парчињата накит направени од злато и сребро истовремено.

Секако, не мора да купувате нов накит, туку слободно правете си ваши комбинации со она што веќе го имате.

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-06.jpg

Плетена кожа

Чантите од кожа (или лажна кожа) кои изгледаат како да се плетени ќе ги гледаме насекаде.

Но овој начин на изработка е популарен и за колани, паричници, чевли...

6-modni-dodatoci-so-koi-kje-bidete-trendi-vo-2025-ta-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg