8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе)
Црната чанта, елегантниот рачен часовник и минималистичкиот накит се модни додатоци кои никогаш не излегуваат од мода, лесно се комбинираат, па за нив вреди да дадете и повеќе пари.
Трендовите се менуваат од сезона во сезона и обично ретко кој може да си дозволи постојано да го купува она што е модерно.
Но, ако сакате да вложите во поквалитетни модни додатоци, важно е да одберете нешто што е безвременско, односно што нема да стане демоде за некој месец.
Осум модни додатоци кои треба да ги имате:
Црна чанта
Ако се двоумите каква чанта да купите, никогаш нема да погрешите со црн модел.
Црните чанти лесно се комбинираат со сите останати бои, а изгледаат добро со лежерни, деловни и елегантни комбинации.
Тенок колан
Некогаш за комбинацијата да изгледа добро потребно е само да додадете колан.
Тенките колани изгледаат добро на панталони и фармерки, но можете да ги носите и со фустани, кошули, долги сакоа…
Свилена марама
Елегантните свилени марами имаат моќ да ја трансформираат секоја комбинација.
А, освен на вратот, можете да ги носите на главата, но и да ги врзете на чантата.
Мала чанта
Малите чанти изгледаат женствено и се одличен додаток во поелегантните комбинации.