8 модни трендови кои изгледаат убаво и во реалноста (не само на Инстаграм)
Бел фустан
Како црните, ни белите фустани не излегуваат од мода, а периодов стануваат хит по којзнае кој пат.
Нормално, популарни се и другите бои, но се чини оваа пролет (и лето) ќе доминираат белите фустани.
Фармерки со подвиткани ногавици
Таканаречените mom jeans се хит веќе некое време, но сè почесто гледаме и комбинации со подвиткани ногавици, како во 1980-тите.
И, овој ретро тренд изгледа навистина симпатично во реалноста, особено во комбинација со патики.
За разлика од долгите фармерки, овие се многу подобри за потоплите пролетни денови.
Сакоа во впечатливи бои
Повеќето мислат дека најбезбедно е да облечат сако со понеутрална боја.
Но, и сакоата со повпечатливи нијанси, како розова или црвена, изгледаат исто добро во реалноста како и на фотките на инфлуенсерките.
Панталони со висок струк
Периодов популарни се панталоните со многу низок струк кои, реално, им стојат добро само на девојки и жени со рамен стомак.
Од друга страна, високиот струк уште е популарен и им стои добро на буквално сите.
Спирова С. | Црнобело