Највпечатливите аутфити на Скопски моден фестивал 2024 (фото)
Неколку екстравагантни изданија, многу класика и елегантни комбинации и доминација на црната боја... Погледнете ги највпечатливите модни изданија од четирите вечери на Скопски моден фестивал 2024.
Од 3 до 6 април 2024 во Diamond Mall се одржа 4-тото издание на Skopje Fashion Festival (Скопски моден фестивал).
Четири дена посветени на модата и новите трендови, преку осум ревии на кои се претставија македонски дизајнери, студенти по мода и моден дизајн, но и познати домашни и странски брендови.
И сето тоа беше дополнето со присуството на јавни личности од земјава, модни инфлуенсери, фотографи и неколку стотина посетители, кои со својот изглед го поделија мислењето на јавноста - бидејќи едни воодушевија со стилот, други целосно потфрлија.