Детали во изгледот што до неодамна беа стилска класика, но стануваат демоде
Тесни фармерки, едноставни чанти, црни капути – некои парчиња што мислевме дека станале класика, постепено излегуваат од мода.
Модата се менува од сезона во сезона, но некои парчиња и детали успеваат да останат присутни и по неколку години. Поради ова, почнуваме да мислиме дека станале класика.
Но, се случува и овие класични парчиња да излезат од мода.
Дел од нив во продолжение:
Тесни фармерки
Многу тесните фармерки беа хит повеќе од една деценија. Но, веќе се заменети со пошироки (и поудобни) модели.
Истовремено, многу популарни стануваат и широките фармерки со низок струк.
Едноставни кружни обетки
Обетките во форма на алки се секогаш популарни, но сега едноставните дизајни стануваат демоде.
Дајте им предност на обетки со интересни детали, како повеќе алки или алки со невообичаена форма.
Едноставни чанти
Едноставните чанти со правоаголна форма изгледаат здодевно и монотоно за разлика од моделите со несекојдневни форми.
Слободно експериментирајте и со разни бои.
Кардиган
Долгиот широк кардиган иако удобен, изгледа застарено.
Многу подобро изгледаат пократките модели, кои можат да се носат и закопчани, а и често имаат интересни дезени.
Струкирано сако
Сакото е парче облека што секогаш ќе биде „ин“, но многу е важен моделот.
Струкираните сакоа ја губат популарноста веќе некое време и се заменети со пошироки модели.