Детали во изгледот што до неодамна беа стилска класика, но стануваат демоде
Комбинација од кошула и плетен елек
Ова е комбинација што беше популарна и за мажи, и за жени.
Но, кога станува збор за жени, сега многу почесто гледаме како се носи самостојно, во комбинација со панталони со висок струк и чевли како мокасини.
Вистинско крзно
Долго време облеката од вистинско крзно се сметаше за луксуз.
Но, сè повеќе луѓето одбиваат да носат вистинско крзно бидејќи неретко за овие парчиња се убиваат и загрозени животни.
Многу попопуларно е вештачкото крзно кое изгледа одлично, а е и многу поевтино.
Еднобојни капути
Црниот или сив капут е класика, но сега повеќе предност им се дава на моделите со впечатливи дезени.
Капутот со интересен дезен може да ја освежи и најмонотоната комбинација.
Тесна кожена јакна
Како кај сакоата, и кај кожените јакни веќе се избегнуваат тесните модели.
Многу подобро изгледаат пошироките јакни, кои се и полесни за комбинирање.
Венчиња
Венчињата за коса постепено се заменуваат со впечатливи марами кои одлично ги надополнуваат пролетните и летните комбинации.
Исто популарни се и меките стегачи кои се одличен моден детаљ, а не ја кинат косата како обичните стегачи.
Француски маникир
Францускиот маникир на долги нокти изгледа премногу застарено, но сепак, популарни се варијанти на француски маникир, како бела линија кај коренот на ноктот, наместо на врвот.
Исто така, доста популарни се еднобојни маникири со нежна нијанса која не се ни забележува.
Спирова С. | Црнобело