Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама
Правило за навечер и во тек на ден
Ова правило зависи од тоа која рака ви е доминантна.
Ако сте деснораки, тогаш во текот на денот носете ја чантата на десното рамо, бидејќи така ќе ви биде поудобно, а и полесно ќе можете да вадите работи од чантата.
Навечер или на настан каде што планирате да се сретнувате со луѓе, ставете ја чантата на левото рамо, за десната рака да ви биде слободна за ракување, држење пијачка и слично.
Ако сте левораки, важи спротивното правило.
Внимавајте што правите со чантата кога разговарате со некој
Односно, пробајте да ја држите со едната рака (или двете ако е мала), бидејќи ако постојано ја преместувате ќе делувате како да ви е здодевно.
Приспособете ја должината на прерамката
Кај чантите кои се носат преку рамо, важно е да обрнете внимание на должината на прерамките.
Чантата треба да достигнува до вашите колкови.
Земете ја предвид формата на вашето тело
Градбата на телото е важна и кога станува збор за чанти.
На пример, чантите кои се носат преку рамо ги нагласуваат стомакот и половината, па не се најпогодни ако сакате да ја прикриете оваа област.
Многу минијатурните чанти, пак, можат да направат да изгледате поголемо ако имате некој килограм плус.
Големите чанти, од друга страна, нема да им стојат добро на пониски и послаби девојки.
Спирова С. | Црнобело