8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме

Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за да не си додаваме самите години на изгледот?

9-greshki-so-koi-nesvesno-pravime-da-izgledame-postaro-otkolku-shto-sme-01.jpg

Колкупати сте забележале дека изгледате постаро на фотографиите отколку кога се гледате во огледало? И, колкупати сте добиле комплимент дека изгледате помладо во живо?

Постојат неколку грешки кои скоро сите ги правиме и со кои несвесно си додаваме години.

Кои се тие и како да ги смените?

Темни или тенки рамки за очилата

Ако треба да носите очила за подобар вид, изберете модел во светла боја и поголеми рамки.

Темните бои и тенките рамки визуелно додаваат години.

Ова најмногу се однесува на жените кога не се нашминкани.

57e1505049afab7de929450359.jpg.jpg

Облека во темна боја

Црната им е омилена боја на многумина, но тоа не значи дека треба постојано да бидете облечени во црно или во темни нијанси.

Напротив, ќе добиете многу посвеж и помладешки изглед ако изберете гардероба во посветли и повесели тонови.

Розовата, сивата, тиркизната, морнарски сината и светло сината се бои кои им стојат скоро на сите луѓе, па можете да изберете облека во некоја од овие бои.

9b124f540e9aef1e840ea2ac0b.jpg_copy.jpg

Впечатливи цветни принтови

Ако сакате да имате свеж, младешки изглед, избегнувајте ги големите цветни принтови.

Наместо тоа изберете облека на која цветните принтови се подискретни и поситни.

Голема улога при изборот на принт игра и типот на облеката, па стилистите препорачуваат да носите кошула-фустан или здолништа со едноставен крој ако избирате цветен принт.

koj-kje-ostane-mladolik-a-koj-kje-ostari-prebrzo-spored-horoskopot-01_copy_copy.jpg

Рамна коса

Како што старееме, така опаѓа и волуменот на косата.

Затоа, фризерите препорачуваат да заборавите на рамната, пеглана коса, и да изберете фризура која ќе ви даде повеќе волумен, на пример прекршена коса или крупни кадрици.

594130547dbf86d47bc1540811.jpg.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg