10 едноставни промени што треба да ги направите за да изгледате елегантно
Кај формалната облека ракавите секогаш треба да завршуваат до зглобовите, а долната облека, иако никој не ја гледа, може да ви го уништи совршениот аутфит. Кои промени треба да ги воведете во начинот на облекување за секогаш да изгледате елегантно?
Постојат луѓе што изгледаат совршено во секоја пригода, но тоа не се должи толку многу на изгледот на нивното тело, колку што се должи на тоа што внимаваат и се држат до одредени правила.
Постојат трикови што ќе ви помогнат секогаш да изгледате совршено, а во продолжение издвојуваме 10 мали промени што може да ги воведете во начинот на облекување за секој ваш аутфит да мами воздишки.
Облекувајте се според годините
Имајте предвид дека тоа што ви стоело добро во 20-тите години од животот, најверојатно нема да ви стои добро во 40-тите.
Ако во 20-тите совршено ви стоеле кроп-топ и блуза со прерамки, не значи дека ќе ви стојат добро и кога ќе бидете повозрасни.
Ова нема никаква врска со прекривањето на телото, туку со истакнувањето на вашите најдобри атрибути.
Земете еден број поголема облека за да избегнете нагласување на вишокот килограми
Кога ременот на фармерките или пантолоните е претесен, масните наслаги на стомакот се познаваат на сите страни и наликуваат на врв од мафини.
Не, тоа не значи дека мора веднаш да почнете да држите диета, туку едноставно да изберете еден број поголема облека, што ќе ги скрие несовршеностите.
Изберете го градникот според облеката
Иако мислите дека никој не ја гледа, долната облека во голема мера може да ви го подобри или да ви го уништи целокупниот изглед.
Изберете градник што ви ја дава неопходната поддршка и ве покрива.
Избегнувајте да носите премали или преголеми градници, или килоти што се насобираат во меѓуножјето и прават да се чувствувате неудобно.
Избегнувајте чевли со остар врв на предниот дел
Можеби изгледаат одлично на црвениот тепих, но во секојдневниот живот и за на работа овие чевли може да предизвикаат болка.
Затоа, ако веќе сакате да носите високи потпетици, подобро е да изберете модели што се благо заоблени во предниот дел.
Изберете го вистинскиот ремен
Ременот може да го нагласи аутфитот, но при изборот внимавајте да не претерате. Не избирајте контрастни бои што ќе бидат пренагласени.
Црниот широк ремен може да изгледа одлично со црн фустан, но не и оној во жолта боја.