10 едноставни промени што треба да ги направите за да изгледате елегантно

Избегнувајте облека со различни дезени

Облеката со различни дезени изгледа одлично на модната писта, но не и во реалноста. Запомнете, не сме сите високи и извајани модели и не можеме да го носиме она што топ моделите го носат на ревиите.

Дезените треба да бидат акцент и најдобро е да се држите до еден дезен во аутфит.

11-ednostavni-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-izgledate-elegantno-09.jpg

Додајте акцент на монохороматски аутфит

Облеката во суптилни монохроматски бои можете да ја надополните со неколку детали што ќе направат да изгледа поживо.

Марама, кошула, блуза или кармин во различна боја можат да направат чудо за ваквиот „здодевен“ аутфит.

11-ednostavni-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-izgledate-elegantno-03.jpg

Темни усни или темни очи – никако двете заедно

Шминката е уметност. Иако на забава може да се појавите со силна шминка, во секојдневието нагласувајте само еден дел од вашето лице – или очите, или усните.

Ако носите темен или смел кармин, очите и образите нека ви бидат посветли и обратно, ако сакате да ги истакнете очите, тогаш усните нека ви бидат во некоја неутрална боја.

11-ednostavni-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-izgledate-elegantno-10.jpg

Скинатите фармерки нека ви служат само за акцент

Сите сакаме панк-рок јакни или фармерки со голем број дупки. Но, држете се до правилото да носите само едно вакво парче, а другите да бидат неутрални.

11-ednostavni-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-izgledate-elegantno-04.jpg

Ракавите треба да ви завршуваат до зглобовите на рацете

Многу долгите ракави делуваат неформално. Кога сакате да изгледате формално, секогаш гледајте ракавите да завршуваат до зглобовите.

11-ednostavni-promeni-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-izgledate-elegantno-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg