Модата на третата вечер на Скопски моден фестивал 2023: Што облекоа посетителите?
- Детали
- недела, 01 октомври 2023
Елена Најдоски изгледаше совршено во син аутфит со бели точки. Мис Интернационал на Србија - Викторија Стојилковиќ - се појави во розов костим и победничката лента, додека Сергеј Варошлија одбрал црн костум. Модата на третата вечер од Скопски моден фестивал, преку објективот на CRNOBELO.com.
Вчера (30.09) се одржа третата и последна вечер од Skopje Fashion Festival (Скопски моден фестивал) во дискотеката PURE, која беше дел од програмската селекција на Бела ноќ во организација на градот Скопје.
Вечерта беше отворена со спектакуларна ревија на Ивана Кнез, а потоа следеа ревии на Ѓорѓе Башчаревиќ, Martini Vesto by Bosko и La Maison Cece T.
Како и претходните ноќи, на настанот присуствуваа бројни познати личности, инфлуенсери и вљубеници во модата.
Елена Најдоски се истакна со синиот аутфит, додека Мис Интернационал на Србија – Викторија Стојилковиќ – за третата вечер одбра розов костим.
Преку објективот на фотографот на CRNOBELO.com – Александар Ристовски – можете да ги погледнете модните изданија на посетителите.