Која е дамата што модно издоминира меѓу гостите на Скопски моден фестивал 2023? (фото)
- Детали
- петок, 29 септември 2023
Весна Бруно (59) е дама која години наназад модно доминира со своите стајлинзи на модните случувања во нашата држава. И годинава таа го привлече вниманието меѓу посетителите на Скопскиот моден фестивал со елегантното издание и ексцентричните модни додатоци, како црвената шапка цвет. Таа открива детали за CRNOBELO.com...
Весна Бруно (59) е стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил.
Таа е дамата која и годинава, исто како и лани, остави најсилен впечаток со стајлингот помеѓу гостите на Скопскиот моден фестивал.
За CRNOBELO.com таа открива детали за стајлингот:
„Шапката во форма на цвет ми е порачана онлајн. Прво порачав црна, но бидејќи навистина ми се допадна нарачав и црвена и ја искористив за заокружување на ефектен начин на стајлингот за Скопскиот моден фестивал.
Искрено, ми се допаѓаат такви малку ексцентрични модни додатоци.
Корсетот ми е купен многу одамна од Грција, а исто така и здолништето и двете се од грчки брендови.
Сакав да изгледам елегантно, но со свој личен печат и мислам дека успеав во тоа со помош на аксесоарите.
Инаку, на модни настани одам во последните десетина години и секогаш со многу љубов и внимание ги бирам своите стајлинзи.
Двапати ја имам посетено и Модната недела во Бугарија.