Парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја елегантна Французинка
Црно сако и елегантна кошула со везови – кои парчиња облека се задолжителни за елегантните Французинки?
Кога станува збор за мода, Французинките долго време се сметаат за експерти.
Секогаш изгледаат добро и во наједноставни комбинации, а неретко му даваат предност на природниот изглед и ја истакнуваат нивната природна убавина.
Парчиња облека што ги има секоја елегантна Французинка:
Црно сако
Црното сако им стои добри на сите, а се комбинира со буквално секоја облека.
Фустан со тенки прерамки
Фустаните со тенки прерамки даваат доза елеганција.
Можеби најдобро изгледаат моделите кои не се многу залепени за телото и се направени од лесен материјал.
Сатенско здолниште
Сатенските здолништа се уште едно парче кое се комбинира за разни пригоди – изгледа добро во елегантни, вечерни комбинации, но можете да го носите и со џемпери за полежерно издание.
Долг црн мантил
Кога станува збор за елеганција, ништо не може да ја замени црната боја.
А, долгиот црн мантил (или капут за постудени денови) може да ја комплетира секоја комбинација.