Парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја елегантна Французинка
Кошула со везови
Кошулите со везови сами по себе изгледаат уникатно, па лесно можете да ги комбинирате со други минималистички парчиња.
Свилена марама
Свилените марами се синоним за елеганција и одлично ги дополнуваат минималистичките комбинации.
Покрај тоа, има безброј начин да ги носите – на вратот, на главата, па дури и како детаљ на чантата.
Блуза/џемпер со вертикални риги
Ова е парче облека е совршено за лежерни комбинации.
Џемперите со хоризонтални риги одлично изгледаат и врз кошули.
Елегантни балетанки
Балетанките се обувки кои лесно се вклопуваат во секоја комбинација.
Фармерки со рамен крој
За разлика од широките или многу тесните фармерки, овој модел изгледа убаво на сечие тело.
Притоа, можете да ги носите со патики, балетанки, па дури и штикли.
Спирова С. | Црнобело