Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време)
Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совети за изборот на долна облека со кои ќе ви биде удобно и во топлите денови...
Не можеме да излеземе од дома без долна облека, но кога температурите надминуваат 30 степени, не е воопшто пријатно да носиме градник и гаќи.
Но, со правилно избирање на долната облека, може да се чувствувате пријатно дури и кога е топло.
Совети за избор на долна облека во лето:
Немојте да носите танга под фустани со широк долен дел
Кoга носите фустан со широк и „лелеав“ долен дел, можете да носите каква било долна облека, но најдобро избегнувајте танга.
Со овие фустани одберете долна облека која покрива добро – во случај да дувне ветер и да ви го крене фустанот, ќе бидете заштитени.
Носете памучни кратки панталони под здолништата
Ако имате пошироки нозе, добро ви е познато непријатното триење во текот на летото.
Кога носите здолништа, можете да се спасите од ова со кратки памучни панталони.
Од памукот нема да ви биде жешко и кожата ќе може да дише, а притоа внатрешниот дел од нозете ќе ви биде заштитен.
Давајте предност на памучна долна облека
Без разлика за каков модел станува збор, во топлите денови секогаш давајте предност на памучната долна облека.
Со ова ќе го избегнете или барем намалите непријатното потење и ќе се чувствувате многу поудобно отколку со долна облека од синтетика.
Нанесете антиперспирант на нозете
Во многу жешките денови, нанесете антиперспирант на горниот дел од нозете.
Со ова ќе го намалите потењето и триењето на нозете нема да ви создава непријатност.
Ако се потите и под градите, слободно нанесете антиперспирант и на оваа област.
Носете градник без прерамки
Иако се тенки, прерамките од градникот можат да бидат непријатни на многу топло време и да ве испотат.
Па, кога можете, облече градник без прерамки.
Носете боксерки со панталони
Памучните, растегливи боксерки се одличен избор кога носите панталони во лето, ако не сакате да носите танга.
Ако се без рабови, нема да се познаваат под долната облека и ќе ви бидат поудобни.
Спирова С. | Црнобело