Кристина Димитри во најсмел аутфит, Лила во златен мини фустан: Нашите славни дами елегантни на настан
Ведрана Ѓорѓевиќ во жолт костим „го донесе сонцето“ на настанот, Антониа Гиговска се одлучи за шарена варијанта, а Кристина Димитри повторно во провокативно и сценско издание.
Вчеравечер (17.05) се одржа прославата по повод 15-тиот роденден на магазинот „Убавина и здравје“, како и традиционалното доделување на награди, во еден скопски локал, а на настанот присуствуваа многу наши познати личности.
Лила Филиповска, која доби и награда на настанот, се појави во краток златен фустан со високи потпетици, водителките Милена Антовска, Вера Мештеровиќ и Александра Пановска се одлучија за црн аутфит, Кристина Димитри беше во најсмело издание од сите, Јована Стојменовиќ беше во макси розов фустан, Антониа Гиговска се одлучи за шарена варијанта, а пак Ведрана Ѓорѓевиќ блесна во жолт костим.
Покрај нив на настанот присуствуваа и низа други познати личности.