Кралицата Летиција (50) гордо ја носи седата коса + како одговори на критиките дека изгледа старо?

„Зошто не се офарбаш“, „Зошто не обоиш неколку прамени, за да изгледаш помладо“ – со овие зборови жените на улица ја критикувале шпанската кралица која гордо ја носи својата седа коса. Според шпанските медиуми таа им дала генијален одговор, по што замолкнале.

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-01.jpg

Кралицата Летиција (50) важи за модна икона, која секогаш привлекува внимание со своите елегантни изданија, а во последните неколку години честопати е мета на критики и коментари затоа што се труди да ја нормализира седата коса и не ги крие белите влакна.

Таа за голем број жени во светот е инспирација со нејзините беспрекорни модни изданија, но во последните неколку години честопати за неа се пишуваат текстови затоа што не се обидува да ги скрие седите влакна, туку, напротив, се обидува колку може повеќе да ги истакне.

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-05.jpg

Без разлика дали ја носи косата пуштена и фенирана, со благи бранови или собрана во елегантна пунџа, речиси секогаш на фотографиите одблиску може да се забележат неколку прамени со бели влакна.

Иако имаше еден период во кој кралицата на Шпанија одлучи да ја офарба косата кафеава, па се шпекулираше дека најверојатно користела природни фарби што не ја оштетуваат косата, пред неколку дена таа присуствуваше на еден настан, каде повторно беше видлив седиот прамен.

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-02.jpg

Шпанските медиуми пишуваат за една анегдота кога кралицата била на настан во Мадрид, а некои од насобраните жени почнале да ѝ довикнуваат и да ја советуваат да почне да се фарба затоа што седата коса ја прави да изгледа постаро, на што таа одговорила:

„Секако госпоѓо, но, за што ќе читате подоцна?“

Со ова Летиција алудирала на големиот број написи во медиумите што биле посветени на нејзините седи влакна, но и на тоа што таа е горда на својот природен изглед и затоа што наместо да ги покрие, таа уште повеќе ги истакнува. 

Кралицата Летиција е една од големиот број влијателни жени што се обидуваат да ја нормализираат седата коса и кои не се плашат да покажат дека стареат и имаат несовршености.

Прочитајте и Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија

Во продолжение погледнете неколку фотографии што покажуваат како навистина изгледа одблиску косата на шпанската кралица:

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-04.jpg

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-06.jpg

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-08.jpg

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-07.jpg

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-09.jpg

kralicata-leticija-ne-gi-krie-belite-vlakna-na-kosata-tuku-gi-istaknuva-ako-se-ofarbam-mediumite-kje-nema-za-shto-da-pishuvaat-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg