5 грешки на мажите што жените никогаш не ги простуваат (а не се неверство)
Познавате некоја жена чијшто партнер ја натерал да ја прекине комуникацијата со пријателите, да престане да се занимава со сопствените интереси? Ова е само една од петте грешки на мажите што жените може да ги простат, но не и да ги заборават и кои предизвикуваат развод.
Кога ќе слушнеме дека некој пар се разделува, прва помисла ни е дека причината за тоа е неверство, но постојат уште пет други мошне важни грешки што најчесто мажите ги прават заради кои жените одлучуваат да стават крај на врската.
Партнерката понекогаш може да прости некои грешки, но тоа не значи дека не заборавила.
Ако сте направиле некои од овие пет грешки, треба да бидете особено внимателни во иднина и да внимавате чашата да не се прелее...
Мажот не сака дете иако партнерката е подготвена за тоа
Ова е една од причините заради кои паровите многу често одлучуваат да стават крај на врската.
Може да се случи парот да го надмине овој турбулентен период и да остане заедно, но потребата на жената да биде мајка нема да биде задоволена со скапи подароци или големи романтични гестови.
Рамнодушен е во мошне тежок животен период
Жената била болна, ѝ бил потребен одмор, нега и поддршка, но партнерот се изнервирал затоа што нема кој да го служи и да бдее над него.
Ова е период во кој на партнерката во целост ѝ се отвораат очите и почнува да го гледа партнерот со нови очи.
Во тешките мигови најлесно може да се види кој колку вреди и партнерката сфаќа дека тој не ја сака заради неа самата, туку само заради тоа што може да го добие од неа.
Го расипал расположението на некој важен ден
Расправиите се сосема нормална појава кај секој пар, но ако скандалот се случил за време на празник, на некој значаен или важен датум, таа тешко ќе заборави.
Секоја година на овој датум ќе се сеќавате на немилиот настан. Уште полошо е ако за време на настанот сте биле со луѓе што биле сведоци на понижувањето.
По ова партнерката постојано ќе се прашува дали воопшто треба да биде со некого кој не се грижи за нејзините чувства и емоции.
Не знае да ја заштити во критична ситуација
Типичен пример е ако улични хулигани ја нападнат девојката, а партнерот наместо да ја одбрани почне да бега.
Но, истото може да се случи и ако таа се најде во расправија со свекрвата, золвата или во финансиски проблеми. Во ваквите ситуации мажот треба да ѝ го чува грбот на партнерката, а не да се крие.
Не го почитува личниот простор на партнерката
Познавате некоја жена чијшто партнер ја натерал да ја прекине комуникацијата со пријателите, да заборави на своето хоби што не ѝ носи никакви приходи, да престане да се занимава со сопствените интереси?
Иако на почетокот на жената ѝ се чини дека партнерот има право да бара такво нешто од неа, сепак дури и екстровертните жени во ваквата врска само ќе се гушат и на крајот многу е веројатно да одлучат да стават крај.
Б. С. Б. | Црнобело