Секс пози наменети за мажите што стравуваат од предвремена ејакулација (18+)
Овие 5 секс пози се одлични за оние мажи што постојано стравуваат од предвремена ејакулација, а сакаат интимниот чин да трае долго.
Голем број мажи стравуваат дека нема да се покажат како добри љубовници доколку имаат предвремена ејакулација или не се во можност долго време да водат љубов со партнерката.
Кај мажите што се соочуваат со преголема чувствителност во половиот орган се препорачува користење кондом, кој освен што ќе ги заштити од полово преносливи болести и несакана бременост, може да помогне и да се намали сензитивноста.
Освен тоа одредени секс пози може да им помогнат да бидат поиздржливи и сексуалниот чин да трае подолго.
Следните 5 секс пози се наведуваат како идеални за мажите што честопати имаат проблем со предвремена ејакулација:
Лажичка
Со оглед на тоа што најчесто во оваа секс поза нема длабока пенетрација, најчесто мажите нема да чувствуваат длабока стимулација и може да издржат многу подолго.
Мисионерска
Во оваа секс поза мажите можат да го контролираат темпото и брзината со која се одвива сексуалниот чин. Одлична е и за одложување на ејакулацијата во оние мигови кога се чувствуваат дека се премногу блиску до врвот.
Лотус
Станува збор за бавна секс поза, која може да трае долго. Одлична е за сите оние што сакаат да почувствуваат поголема интимност со партнерот.
69
Оваа секс поза ќе ви ја намали желбата за оргазам, затоа што не можете истовремено да бидете сконцентрирани на двете задоволства – она што го давате и она што го добивате.
Странично лице во лице
Оваа е многу слична со секс позата лажичка, но партнерите се свртени со лице еден кон друг. И двајцата партнери имаат контрола врз тоа колку ќе биде длабока пенетрацијата, а со тоа може да го одложуваат и оргазмот.
Б. С. Б. | Црнобело