Сè што треба да знаете за мастурбирањето за време на менструација (и зошто тоа е одлична идеја)

Мастурбацијата често води до првиот оргазам, па затоа може да биде одличен начин да го разберете вашето тело и да ги истражите вашите сексуални желби.

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacija-i-zoshto-toa-e-odlichna-ideja-001.jpg

Мастурбацијата исто така може да ви помогне да се чувствувате удобно во комуникацијата на вашите сексуални потреби со вашиот партнер.

Многу жени веруваат дека мастурбирањето за време на менструација е лошо, но ова всушност има и некои добри страни (секако ако сте спремни на тоа...).

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacijata-i-zoshto-e-odlichna-ideja-01.png

Придобивки од мастурбирањето за време на менструација

Може да ги ублажи менструалните грчеви: Кога мастурбирате до оргазам, вашето тело ослободува допамин и серотонин, кои делуваат како природни лекови за ослободување од болка.

Го подобрува вашето расположение: Менструациите често доаѓаат со промени во расположението, што очигледно може да ве натера да се чувствувате вознемирени, тажни и лути. Мастурбацијата го намалува стресот преку стимулирање на ослободувањето на ендорфин.

Го подобрува квалитетот на сонот: Ако се борите со несоница за време на менструацијата, мастурбацијата е лек за кој не сте знаеле. Кога доживувате оргазам, вашето тело исто така произведува окситоцин, со што се намалува стресот и ве прави поспани.

Не секој сака да се вклучи во сексуална активност во тој период од месецот и тоа е сосема во ред.

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacija-i-zoshto-toa-e-odlichna-ideja-2.jpg

Но, ако сакате да пробате да мастурбирате за време на менструацијата, ќе ви бидат потребни неколку совети: 

Фокусирајте се на надворешната стимулација

Ако сакате да се држите подалеку од вашата интимна зона за време на менструацијата, можете да создадете возбуда во други области.

Фокусирајте се на градите (оргазмот на брадавиците може да биде фантастичен), задникот и кожата.

Допирајте ја кожата и галете го вашето тело. Нема правила кога се мастурбира, освен да се опуштите и да се забавувате. Секако, можете да го вклучите и вибраторот!

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacijata-i-zoshto-e-odlichna-ideja-02.png

Носете тампон

Тампонот е одличен и здрав начин да спречите неред и да уживате сами. Едноставно внесете тампон за да ја апсорбира крвта што ќе тече додека мастурбирате.

Ако носите тампон, ќе можете да го стимулирате клиторисот и да се опуштите безбедно.

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacijata-i-zoshto-e-odlichna-ideja-05.png

Менструални чашки

Менструалните чашки се одлична еколошка алтернатива за тампоните или влошките и ќе ја задржат крвта внатре. Ова значи дека можете да легнете или да стоите и да мастурбирате без да ви тече крв.

Иако ќе бидете ограничени во вашите движења, ова е одличен начин да уживате во мастурбирање за време на менструација!

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacijata-i-zoshto-e-odlichna-ideja-05(1).png

Направете го тоа под туш

Ако се чувствувате вознемирени да мастурбирате на креветот или на каучот, секогаш можете да влезете под туш за една загреана сесија.

se-shto-treba-da-znaete-za-masturbiranjeto-za-vreme-na-menstruacijata-i-zoshto-e-odlichna-ideja-03.png

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg