Тој и таа на вечера

toj-i-taa-na-vecera-povekjeРомантична вечера на светлина од свеќи во некој пријатен ресторан - нема потреба да биде скап и ексклузивен, доволно е да биде пријатен - е една...


...од најчестите престави за романтично излегување. Тука е и добрата храна, вино, тивка, убава музика.... Навистина убаво поминато време. Но, и ваквото излегување може да биде расипано затоа што двајцата имаат различни очекувања.

toj-i-taa-na-vecera

Она што сака тој е да ужива во добрата храна и вино, а патем да размени по некој збор со својата сакана. Многу разговор не му е потребен  - тука е храната, пијалакот и присуството на саканата, што му треба повеќе? Сè е совршено за уживање.

Таа пак, би сакала да разговара. Во ред и таа ќе ужива во храната и виното, но таа романтичната вечера ја замислува малку поинаку, за неа романтичната вечера вклучува и романтични разговори, долги и содржински.

Тоа е можност да се дознае малку повеќе за него, да не речеме, да му „ѕирне во душата“. Затоа таа ќе се разочара кога ќе сфати дека тој освен повремените шеговити коментари, или комплименти од типот изгледаш прекрасно, нема да сака да зборува за траумите од детството.

Мажите едноставно не се такви – добрата храна во најпосакуваното друштво, за нив е врв на уживањето и не би го расипувале со „отворање на душата“. Тоа им е премногу сериозно. Не дека не може мажот да се наведе на разговор во текот на романтичната вечера, туку тој повеќе би сакал да зборува за нешто конкретно...па може да се направи некој компромис.

Може да се отиде некаде пред вечерата – во кино, да речеме или заеднички да се изгледа филм дома. Тоа ќе може да биде добра основа за заеднички разговор.

Од разговорот за филмот (или книга, изложба....) можете многу работи да заклучите за некого – какви му се ставовите, начинот на размислување – а за мажот таквиот разговор е интересен.

Таа ќе го добие посакуваното „отворање на душата“, а тој нема да биде оптеретен со пресериозен разговор, напротив ќе ужива во разговорот за нешто што го интересира – и ете уживање за двајцата.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg