Денот кога се венчавте открива колку долго ќе ви трае бракот
Бројката која доаѓа од датумот на венчавката може да открие многу од причините за стапување во брак, но и како истиот ќе изгледа во иднина.
Паровите најчесто бираат датум кој има некакво значење за нив, а нумеролозите се убедени дека овие бројки од датумот влијаат на бракот на поединецот.
Едноставно соберете го месецот, денот и годината во која сте се венчале, додека не добиете едноцифрен број.
Пример: Ако датумот на свадбата бил 12.06.1999 година, тогаш соберете 1 + 2 + 6 + 1 + 9 + 9 + 9 = 37, односно 3 + 7 = 10, односно 1 + 0 = 1.
Значењето на броевите:
Еден
Владетелот на овој број е Сонцето. Тоа е од големо значење за вас како пар, но и за секој од вас поединечно пред бракот.
Додворувањето веројатно било прилично незаборавно, и можеби траело малку подолго од вообичаеното.
Начинот на кој сте се запознале е прилично романтична приказна, речиси како самата судбина да вмешала прсти.
Оваа бројка открива дека сте многу топла и емотивна двојка. Помеѓу двајцата партнери постои голема желба бракот да успее, дури и ако во минатото сте имале големи љубовни разочарувања.
Пред да одлучите да стапите во брак, двајцата темелно сте ја преиспитале таа одлука. Многу добро знаете што му се допаѓа, а што не на вашиот партнер.
Се трудите во бракот и сакате работите да успеат.
Два
Луѓето чиј датум на венчавка го носи овој број, имале или ќе имаат екстремно голема или екстремно приватна, мала венчавка. Исто така, овој број е поврзан со некои тајни и можни проблеми со семејството.
Овој пар е врзан со страст и добри намери, но често е потребна поголема емоционална зрелост, што може да резултира со неразумни кавги, како што се оние за неоснована љубомора и незадоволство.
Убавата страна кај оваа врска е тоа што ја краси сонлив и детски ентузијазам. Тоа е она што ѝ дава трајност на вашата врска, а помага и да се надминат проблемите како што се решавање на станбени прашања, кредити…
Децата ќе ја зајакнат врската и ќе ја направат посериозна, а важно е овој пар да научи да ги решава несогласувањата без доза на задевање.
Три
Овој број е одличен датум за финансиски просперитет, а се врзува и за брак кој е поврзан со добра репутација, моќ и статус.
Можно е да има некои противници на склучувањето на овој брак, а парот може да изгледа воздржано однадвор. Зад четири ѕида ги нема – и во љубовта и кавгите работите ги носат во крајност.
Оваа бројка носи и подобри шанси за големо семејство, со три или повеќе деца. Бракот е зајакнат со заеднички проекти и цели, а најголемиот предизвик е да се оддалечите поради лошата комуникација и повлекувањето.
Љубовта е стабилна, но треба да се работи на намалување на егото на партнерот.
Четири
Овој број се поврзува со голема верност и посветеност, брак кој најмногу наликува на традиционалните бракови, длабоки и сериозни.
Овој пар може да работи заедно и да постигне многу, а нумеролошки нивната врска е поврзана со судбината.
Партнерите ги задоволуваат нивните емоционални потреби и чувствуваат голема сигурност еден во друг.
Единствениот можен проблем во оваа врска е прифаќањето на рутината, односно премалку работа на страста во врската која полека се претвора во пријателство, а помалку во љубов после некое време.
Пет
Овој број означува врска на поединци кои одлично се согласуваат, но ја сакаат својата слобода и сметаат дека доказот за љубов е да се гледа во иста насока.
Тие нужно делат ист вредносен систем, а врската се збогатува со патување, промени, дружење.
Често ќе се движат, ќе менуваат работни места и проекти, но таквите вибрации го одржуваат шармот и чувството на заедничка борба со животот што ги поврзува.
Освен тоа, оваа врска е многу сексуална – колку што е и интелектуална.
Шест
Овој број е поврзан со екстремна емотивност на Венера, убавина, копнеж и љубов. Во бракот има многу смеа и солзи.
Тоа се обично партнери кои се и крајно емотивни, разиграни, но и горди. Тие се способни да разговараат и да се расправаат со часови, а се хранат со меѓусебни комплименти и изрази на љубов.
Најголем предизвик во оваа врска е прекумерната љубомора и посесивност на едната страна.
Седум
Парот кој го избрал овој датум за денот на својата венчавка треба да биде внимателен. Тој е поврзан со многу тензии, пречки и осудувања од страна на другите.
Овој пар треба да се пази од луѓето кои евентуално сакаат да ги разделат, партнерите да нè чуваат тајни еден од друг и да бидат добро информирани за сè.
Овој ден може да биде пречка врз основа на различни религии, раси или предрасуди.
Осум
Парот кој се венчал или ќе го направи тоа на овој ден е исклучително компатибилен на речиси сите начини. Сексот и физичките изливи на љубов се важен дел од нивната врска, а уште долго ќе разменуваат погледи и допири под масата.
Заедно можат да постигнат многу и да бидат навистина среќни, а важно е да имаат доволно разум за финансиските работи, за да не си ја загрозат финансиската сигурност.
Исто така, еден од партнерите може да биде склон кон пороци и треба да се внимава за да не го уништи бракот, а љубовта меѓу нив е исклучително тешка.
Девет
Овој број е поврзан со Нептун, тајните и судбината. Односот меѓу партнерите е првенствено духовен, логичен и спонтан. За венчавката не се размислувало премногу, туку следувала како природен резултат на желбата за таа љубов.
Тие меѓусебно се поддржуваат, си даваат слобода како и разбирање, а единствениот можен проблем на кој треба да внимаваат е физичката оддалеченост и неверството.
Тоа може да се спречи со самоконтрола и одбивање да флертувате со други луѓе, бидејќи овој брак може да го преживее изневерувањето, но ќе остане да живее само на хартија.
(О)Милена | Црнобело