„Ја изневерив девојка ми со другарка од средно, сега се каам и сакам да ми прости – што да правам?“
„Бевме 5 години во врска, но ми раскина откако дозна дека 4 месеци имав афера со другарка од средно. Почнав да ја изневерувам заради притисокот дека треба да создадам семејство, но сега се каам и сакам да ја вратам...“ – вели во исповед 26-годишен дечко кој бара совет од психолог. Заслужува ли втора шанса?
Фото: The Sun
26-годишен дечко кој бил во сериозна врска, заради стравот од следниот чекор и формирањето семејство, почнал да ја изневерува девојката.
Сега се кае за тоа што го направил и се обидува на секој начин да ја придобие повторно нејзината доверба, па дури напишал писмо и на дежурниот психолог во британскиот медиум The Sun, Дидре, за да побара совет.
Проследете го неговото писмо во целост:
„Драга Дидре, тоа што имав афера беше мојата најголема грешка во животот. Не можам да верувам дека бев толку глупав да ја отфрлам љубовта на мојот живот за минлива авантура.
Имам 26 години, а со мојата 25-годишна девојка се запознавме додека бевме на универзитет и заедно сме пет години.
Но, пред два месеци таа ми раскина откако дозна дека имав 4-месечна афера со другарка од средно. Почнав да ја изневерувам затоа што го чувствував притисокот дека треба да се оженам и да почнам да создавам семејство, но не бев подготвен.
Другата девојка воопшто не ми значеше. Таа само ме потсетуваше на периодот кога се забавував и бев сингл. Се среќаваме во мојот или во нејзиниот стан за секс и потоа немаше ништо повеќе меѓу нас – го добивавме само тоа што ни треба.
Откако девојка ми дозна за аферата преку заеднички пријател, ме избрка од станот.
Поминаа неколку денови, но потоа сфатив дека сум бил идиот и дека ја сакам многу. Почнав да ѝ се јавувам и да ѝ праќам пораки, во кои ѝ кажував колку многу ми недостасува, но таа ми рече дека не е подготвена за разговор.
Најпосле, одлучи да ми даде шанса и да разговараме.
Ме покани и срцето ми потскокнуваше во моментот кога ја видов. Бев мошне нервозен, чувствував пеперутки во стомакот и ѝ го купив нејзиниот омилен парфем за подарок.
Имавме долг разговор во кој повторно ѝ се извинив и се обидов да ѝ објаснам зошто го направив тоа што го направив. Исто така ѝ ветив дека во моментов сум подготвен да бидам со неа засекогаш.
По ова почнавме да се бакнуваме и имавме секс, па дури и останав кај неа.
Сепак, таа вели дека нејзиниот инстинкт ѝ вели дека не може повеќе да ми верува, а јас не знам што да правам.
Дел од мене сака да ја заборавам и да продолжам понатаму во животот, а друг дел сака да направам сѐ за повторно да ја освојам.
Сепак, не сум сигурен дека некогаш ќе биде подготвена да ми прости.“
Според Дидре, ова момче треба само да одлучи дали е целосно сигурно дека сака да ја обнови врската и да работи напорно за да ѝ докаже на девојката дека нема повеќе да ја изневерува и дека целосно ѝ е посветен.
Советот од психологот:
„Твојата поранешна девојка е длабоко повредена и, оправдано, веќе не ти верува.
Сепак, можно е да се предомисли и да ти даде втора шанса. Но, многу е тешко повторно да се врати загубената доверба.
Мора да бидеш целосно сигурен дека си подготвен да ѝ се посветиш и дека таа е вистинската девојка за тебе и дека не ти недостасува тоа што повеќе нема да го имаш.
Тоа значи дека треба целосно да бидеш искрен прво со себеси, а потоа и со неа.
Големите гестови како давање подароци се безвредни. Ќе ти треба многу време и труд за да покажеш дека навистина го мислиш тоа што го велиш“.
Што мислите вие, може ли да се поврати загубената доверба откако еднаш е загубена и дали тоа што еднаш изневерил значи дека можеби повторно ќе го направи ова во иднина?
Б. С. Б. | Црнобело