Само 65% од жените имаат редовни оргазми – како да доживеете оргазам, советува секс експерт (18+)
„Повеќето луѓе мастурбираат, но најчесто се заглавени во некои рутини и навики од мастурбацијата во младоста. Мастурбираат брзо, тивко, во темница, под прекривка, се кријат од родителите или цимерите или децата... Тоа е грешка“, вели секс едукаторот Ејми Вејсфилд.
На мажите им е лесно да постигнат оргазам, но кај жените често се случува ова да биде невозможна мисија.
Според истражувањето на „International Academy of Sex Research“ 95% од мажите најчесто или секогаш постигнуваат оргазам, додека оваа бројка кај жените е само 65%.
Ако сте во морето жени кои се борат за воопшто да доживеат оргазам или за да го доживуваат почесто, тогаш треба да знаете дека не сте сами.
Секс едукаторот Ејми Вејсфилд за „Metro“ споделува совети како да доживувате оргазми побрзо и подобро.
„Кај многу од нас проблемот е во главата. Постојано ни се случува мултитаскинг таму, не се опуштаме, анксиозни сме. Сè е до главата“, вели Ејми.
„Се шетаме наоколу како да имаме џиновски меур на главата, мислиме постојано и сме фокусирани при сексуалниот чин на тоа што ни се случува во главата, а не во телото“.
Добриот секс започнува така што ќе научите како да уживате сами со себе, односно со маструбација.
„Ние сме си нашите најдобри и најдолговечни партнери. Ние ќе водиме љубов со себе повеќе отколку со кој било друг на планетава. Па, затоа сами научете што сакате и правете го тоа добро.
Тоа е како учење да свирите на инструмент. Го учите јазикот на вашето тело и дознавате кои потези како резултираат“, вели таа.
Таа додава дека не е важно само дали мастурбирате, туку и како.
„Да, повеќето луѓе мастурбираат, но најчесто се заглавени во некои рутини и навики од мастурбацијата во младоста. Мастурбираат брзо, тивко, во темница, под прекривка, се кријат од родителите или цимерите или децата.
Ретко кој се фокусира на тоа да си ја направи мастурбацијата попријатна, како што е со комплетно опуштање и испуштање на звуци.“
Потоа како друг фактор, Ејми го нагласува тоа дека мораме да научиме да бидеме присутни во мигот.
„Каде го насочуваме нашето внимание е екстремно важно. Мора да научите да не мислите на неизмиените садови или на тоа дека треба да пуштите машина за перење, ниту на тоа како изгледате додека вашиот партнер орално ве задоволува. Мора да научите да го насочувате вниманието кон тоа како се чувствува вашето тело при сексуалниот чин.“
Следниот совет е дека клучот на одличниот секс е движењето.
Мора да го движите вашето тело слободно.
„Почувствувајте ги импулсите и не внимавајте на тоа дали ви се тресе стомакот или како ви изгледа задникот, ниту дали устата ви е отворена или можеби ноктите неналакирани. Само дозволете му на телото да го прави тоа што го сака и ќе почувствувате голема разлика.
Најдобро е да мастурбирате пред секс или да пуштите гласна музика и да танцувате за да се опуштите.“
И последниот совет од секс експертот е моќта на дишењето.
„Со помош на дишењето можете или да ги забрзате работите или да ги забавите. За да ве фати сексуалниот адреналин дишете побрзо или доколку сакате да го забавите мигот, тогаш сторете го тоа со бавно вдишување и издишување.“
„Начинот на дишење е одлична алатка за диктирање на ситуацијата.“
С. С. | Црнобело