Скриеното значење на машки бакнежи: Ако ви бакне рака – флерт, бакнеж во стомакот – желба за дете
Што значи кога мажот ве бакнува во вратот, усните, челото …? Знаеме дека во светот на љубовта делата зборуваат многу повеќе од зборовите. Таа изјава важи и за бакнежите.
Различни видови бакнежи имаат свои мали, скриени значења, кои можат да ви откријат многу.
Бакнежот што го добивате од партнерот може да ви открие што навистина се случува во неговото срце.
Прочитајте сè за 11-те видови бакнежи и нивните скриени значења:
Бакнеж на усните
Значење: тој навистина ја цени вашата љубов
Брзиот, сув бакнеж, честопати со затворени усни, е начинот на кој луѓето во љубовна врска се поздравуваат при пристигнувањето и заминувањето.
Ако вашиот партнер ве бакнува вака дома каде што никој не ве гледа, тоа е знак дека сте станале важен дел од неговата рутина и живот.
Ако ве бакнува вака во јавност, тоа е доказ дека е сериозен кога е во прашање вашата врска.
Бакнеж на врвот на главата
Значење: Тој сака да се грижи за вас
Кога мажот ја бакнува жената на врвот од главата, тоа значи дека се чувствува заштитнички настроен кон неа.
Ова означува дека тој не можел да одолее – морал да престане со тоа што го прави и да ви даде до знаење дека се грижи за вас, дека сака да ги дели работите со вас и дека му значите сè.
Бакнеж во раката
Значење: Флертува со вас
Ако мажот ве бакнува во раката, можете да бидете сигурни во неколку работи.
Прво: тој е исклучително самоуверен. Потребна е храброст за мажот (во денешно време) да бакне женска рака.
Второ: тој е манипулатор или актер. Тоа не значи дека неговите чувства не се искрени, но бидете подготвени за многу додворување.
Бакнеж во внатрешната страна на зглобот
Значење: Наскоро ситуацијата ќе стане многу секси
Ако мажот ве бакнал во внатрешната страна на зглобот, можете да бидете сигурни во едно – единствената причина зошто веќе не ви ја искинал целата облека е затоа што сте во јавност.
Со овој бакнеж, мажот ви дава до знаење дека знае како функционира женското тело, како и дека не се плаши да го искористи тоа знаење.
Бакнеж во вратот
Значење: Тој има силни романтични чувства кон вас
Овој вид на бакнеж е одличен знак. Бакнежот во вратот е романтичен гест со кој вели дека ве сака. Тоа го прави без збор, но многу јасно и прецизно.
Француски бакнеж
Значење: Тој е целосно фасциниран од вас
Кога мажот ве бакнува на овој начин, особено кога ќе ви го прегрне лицето со рацете, без разлика дали е свесен за тоа или не, тој ви открива колку е маѓепсан од вас. На овој начин ви покажува колку сте му привлечни.
Бакнеж во образот
Значење: Нему (засега) навистина не му е грижа за вас
Бакнежот во образот е сосема спротивно од бакнежот со јазик. Ви покажува дека се грижи на некој начин, но (сепак) не на начинот на кој вие би сакале.
Бакнеж покрај окото
Значење: Тој навистина ве цени
Бакнежот покрај око може да ви изгледа чуден, бидејќи окото обично не се смета за ерогена зона. Но, би можеле и вистински да уживате во овој бакнеж, бидејќи тоа е гест на љубов и почит кон партнерот.
Бакнеж во челото
Значење: Тој ве сака на подлабоко ниво
Со бакнежот во чело, мажот ви дава до знаење дека ќе биде покрај вас и дека сака да ве заштити. Плус, ви кажува дека му се допаѓа речиси сè на вас, а не само вашето тело.
Бакнежот во челото е всушност како бакнеж во мозокот.
Бакнеж во стомакот
Значење: Тој е среќен со вас
Ако мажот ве бакнува во стомакот, тоа значи дека се чувствува стопроцентно удобно во вашето друштво, дека ви верува и дека и вие го чувствувате истото.
Исто така, бакнежот во стомак може да има и друго, многу посериозно значење – желба да имате заедничко дете.
Бакнеж во градите
Значење: Тој сака да има секс со вас
Со ваков интимен бакнеж, мажот ви покажува дека е внимателен, но и искусен. Тој сака да уживате во секој бакнеж исто како и тој, како и во сè што ќе се случи следно.
(О)Милена | Црнобело / фото: brightside