15 работи кои мажите ги мислат (а жените можеби не ги знаат, но треба)
Кога сме љубезни со вас, не значи дека ви се додворуваме и сакаме да ве одведеме во кревет – и ние сакаме да бидеме културни.
Како што мажите не знаат да читаат мисли, така е и со жените. Тие колку и да сметаат дека ја имаат оваа способност, понекогаш едноставно воопшто не се свесни што се крие во умот на мажите.
Работи кои мажите ги мислат (а жените можеби не ги знаат, но треба):
- Поканете нè некогаш на состанок. Тоа ќе направи да се чувствуваме сакано и посакувано.
- И ние понекогаш не знаеме каде сакаме да јадеме. Слободно дадете предлог.
- Не читаме меѓу редови, сакаме отворена и искрена комуникација.
- Тоа што некогаш не зборуваме, не значи дека не уживаме во времето минато со вас.
- Сакаме подароци, прегратки и изненадувања без повод.
- Кога сме љубезни со вас, не значи дека ви се додворуваме и сакаме да ве одведеме во кревет – и ние сакаме да бидеме културни.
- Кога ви кажуваме дека не знаеме како се чувствуваме за одредена работа, тогаш тоа е најверојатно вистина и реално не ни разбираме како треба да се чувствуваме за одредена работа.
- Кога велиме дека нешто не ни пречи, го мислиме тоа, во спротивно нема да го кажеме тоа.
- Во лето не сакаме многу гушкање, топло ни е, но тоа не значи дека не ве сакаме.
- Сакаме да минуваме време со пријателите затоа што ги сакаме, а не затоа што не сакаме да минуваме време со вас.
- Глумењето дека сте тешко достижни нема да запали кај повеќето од нас.
- Кога ќе кажеме дека не мислиме на ништо, тогаш така е или мислиме некои глупости кои би звучеле смешно ако ги кажеме на глас.
- Сакаме коплименти, прават да се чувствуваме добро.
- Понекогаш навистина имаме потреба од време само за себе.
- И нас ни е потребна помош, понекогаш врескаме однатре од очај.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com